Достапни линкови

МВР: Издадени нови скоро две илјади потврди на мигранти


Во изминатите 24 часа на 1.911 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил, соопштува МВР. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврдите најбројни се државјаните на Сирија, Авганистан и Ирак, додека другите се во помал број. Од 19 јуни годинава издадени се потврди на 106.918 странски државјани. Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

XS
SM
MD
LG