Достапни линкови

Авганистан почна операција за преземање на Кундуз


Авганистанските безбедносни сили почнаа операција за преземање на северниот град Кундуз од талибанските борци. Претседателот Ашраф Гани изјави дека безбедносните сили ги преземаат владините згради, додавајќи оти засилувања, вклучувајќи и специјални сили и командоси, се во тој регион или се на пат за таму. Министерството за одбрана соопшти дека владините сили го зазеле градскиот затвор и полицискиот штаб од талибанските борци.

Во меѓувреме, портпарол на НАТО соопшти дека американски воени авиони напаѓаат позиции на Талибанците за елиминирање на заканите за коалициските и авганистанските сили кои оперираат во околината на Кундуз.

XS
SM
MD
LG