Достапни линкови

Договор за повлекување на оружјето од источна Украина


Претставници на Русија, Украина и Европа ја постигнаа долгоочекуваната спогодба за повлекување на тенковите и друго оружје од фронталната линија во источна Украина. Ова е документ кој го отвора патот кон мирот, патот кон крајот на насилствата и нападите, изјави синоќа рускиот преговарач Азамат Кулмухаметов.

Договорот ја дополнува широката спогодба потпишана во февруари со цел завршување на конфликтот меѓу украинската влада и бунтовниците поддржани од Русија. Претставникот на ОБСЕ во преговорите Мартин Сајдик соопшти дека спогодбата ќе започне да се применува за два дена и ќе треба да се спроведе за 39 дена. Таа опфаќа повлекување на тенкови, минофрлачи и артилерија со калибар помал од 100 милиметри, на растојание од 15 километри. Орудијата со калибар над 100 милиметри веќе се повлечени во согласност со договорот од февруари.

Сајдик нагласи дека ОБСЕ ќе го надгледува повлекувањето на оружјето.

XS
SM
MD
LG