Достапни линкови

Во Њујорк кратка средба Груевски- Ципрас


Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски на маргините на вчерашниот прием организиран од претседателот на САД Барак Обама, разговарал со голем број од присутните, а меѓу другите имал неформален краток разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, јавува МИА. Премиерот Груевски го поканил Ципрас на заедничка средба и да изнајдат решение за прашањето за името.

На маргините на настаните одржани вчера во рамките на Генералното собрание на ОН, како што брифираат од Владата на Република Македонија, премиерот Груевски имал и кратки средби и разговори со Доналд Туск, претседател на Советот на ЕУ, норвешката премиерка Ерна Солберг, заменик премиерот на Израел Силван Шалом, грузискиот премиер Иракли Гарабишвили, српскиот претседател Томислав Николиќ, со шефот на грчката дипломатија Никос Коцијас, со Драган Човиќ претседавач на претседателство на Босна и Херцеговина, со унгарскиот премиер Виктор Орбан, со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, со министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак и со премиерот на Шведска Стефан Лофен.

XS
SM
MD
LG