Достапни линкови

Експлозија во Багдад, најмалку двајца загинати


Автомобил бомба денеска експлодираше во трговска област во центарот на Багдад, при што загинале најмалку две лица, велат медицински и полициски извори. Експлозијата во која се повредени најмалку осум луѓе, се случила во областа Батавин, на улица позната по бројните продавници и ресторани каде се продава алкохол. Во областа живеат и сунитски и шиитски муслимани, на источната страна на реката Тигар во Багдаад. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG