Достапни линкови

logo-print

Кери: Не е можен мир во Сирија без отстранување на Асад


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД и Русија постигнале согласност за „некои фундаментални принципи“ за Сирија. Тој рече дека се договориле оти треба да се внимава на групата на Исламската држава и дека треба да се направи политичка транзиција во Сирија. Но, Кери посочи дека главниот поддржувач на режимот во Дамаск треба да разбере дека не е можен мир во Сирија без отстранување на претседателот Башар ал-Асад. Кери исто такак додаде дека планира на 30 септември да се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

XS
SM
MD
LG