Достапни линкови

Нови санкции на Украина кон Русија


Државната железничка компанија на Украина ја суспендираше соработката со карго филијалата на Руските железници, како дел од бранот санкции против Русија поради нејзината поддршка на сепаратистите во источна Украина. На 25 септември Украина ги забрани руските летови во земјата, поради што Русија наметна слични ограничувања за украинските авиокомпании. Односите меѓу Русија и Украина се на екстремно ниско ниво поради руската анексија на Крим во март 2014 година и поради поддршката на сепаратистите на истоткот од земјата. Претходно овој месец Киев ја прошири листата на санкции против руиски компании и поединци.

XS
SM
MD
LG