Достапни линкови

logo-print

Давутоглу: Бегалското прашање е глобална криза


Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ја повика меѓународната заедница да ги зголеми напорите во решавање на бегалската криза, откако илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и побегнат во соседни земји и Европа. Давутоглу нагласи дека запирањето на злосторствата на сирискиот режим и терористичката организација Исламска држава, како и создавање на безбедна зона за Сиријците во нивната татковина е единствен начин да се спречи нов бран бегалци од Сирија, Ирак, Авганистан и Либија.

„Меѓународната заедница го виде проблемот со бегалците најпрво како проблем на Сирија, подоцна како криза на Турција или соседните држави, а сега е јасно дека бегалското прашање е глобална криза, криза што не може да се игнорира, што не може да се заборави, изјави Давутоглу во Њујорк, каде учествува на седницата на Генералното собрание на ОН. Давутоглу моменталното ангажирање на меѓународната заедница во решавање на бегалската криза го оцени како минимално, но изрази надеж дека по Генералното собрание на ОН, таа ќе биде поактивна по тоа прашање.

XS
SM
MD
LG