Достапни линкови

logo-print

Лавров: Русија и САД да соработуваат во борбата против ИД


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека претседателите на Русија и САД на средбата на маргините на Генералното собрание на ОН, се согласиле да бараат начини за да се борат против групата на Исламската држава. Лавров разговорите ги опиша како „многу контруктивни“, велејќи дека биле фокусирани на „можностите Русија и САД тесно да соработуваат„ за Сирија. Рускиот министер изјави дека двајцата лидери се согласите дека нивна заедничка цел е да се поразат милитантите на ИД. „Русија и САД се апсолутно решени да не им дозволат да успеат“, рече Лавров.

XS
SM
MD
LG