Достапни линкови

Струшкиот градоначалник најавува уривање на дивите објекти на плажите


Илустрација.

Илустрација.

Уривање на дивоизградените објекти на плажите во Струга, најавува градоначалникот Зиадин Села. Ќе се руши од градот до селото Радожда.

Струшкиот градоначалник Зиадин Села останува на ставот дека целото струшко крајбрежје треба да биде исчистено од објекти. Тој вели дека досегашните концесионери сами треба да ги отстранат изградените објекти на плажите. Доколку тоа не го направат, вели Села, општината ќе биде принудена да преземе мерки. На 18 септември истекоа времените мерки кои судот во Струга пред почетокот на туристичката сезона ги издаде, а со кои и се забрануваше на општината да презема активности за рушење на објектите.

Јас тоа што го имам најавено, ќе го спроведам. Тоа е мојот став. Оваа работа не може да оди до бесконечност.

„Јас тоа што го имам најавено, ќе го спроведам. Тоа е мојот став. Оваа работа не може да оди до бесконечност. Мислам дека судовите нема место да се мешаат во оваа работа, бидејќи судовите треба да се вмешаат кога има управен спор. Од 18 па натаму ние веќе немаме управен спор, бидејќи договорите се прекинати, секој договор кој го имале дотогаш е неважечки и сега судовите не треба да прифатат нивни жалби“, вели Села.

Ние мислиме дека ќе се изнајде некое решение, ќе преовлада разумот и пред сè во интерес на туризмот во Струга. Се надеваме дека нема да дојде до рушење на објектите каде има многу вложувања.

Градоначалникот вели дека ќе се руши од градот до селото Радожда.

„Мислам дека во целата ситуација најодговорна е државата, односно Министерството за транспорт и врски, кои дозволиле нешто такво да се гради противзаконски бидејќи во Генералниот план нема ставка за времени објекти и плус кога се дадени под концесија немаат дозвола ни за времени објекти, бидејќи дозволата за времени објекти ја дава општината, а не министерството. Мислам дека Владата треба да ги обесштети овие концесионери“, вели Села.

Една од главните причини за сè поголемата посетеност на Струга била уреденоста на струшкото крајбрежје, велат угостителите.

Боро Симјаноски, концесионер на Женска плажа, вели дека актуелната ситуација не само што ги засега концесионерите, туку и околу 300 вработени на плажите.

„Ние мислиме дека ќе се изнајде некое решение, ќе преовлада разумот и пред сè во интерес на туризмот во Струга. Се надеваме дека нема да дојде до рушење на објектите каде има многу вложувања. Бараме помош и од општината да седнеме да разговараме, бараме помош и од пратениците кои добро ја знаат ситуацијата. Некој се обидува да прави раздор и некоја селективна правда, ќе почнам одовде ќе почнам од таму“, вели Симјаноски.

Тие се надеваат дека ќе се најде решение и дека нема да дојде до рушење на објектите.

XS
SM
MD
LG