Достапни линкови

logo-print

Економијата расте, платата се намалува


БДП-то секоја година се зголемува за околу 3 отсто, а во исто време реалната плата се намалува.

Реалната плата изминатата година се зголемила за 2,7 отсто, но и покрај тоа од 2010 година до денес е намалена за 3,5 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Просечната плата во првата половина од 2010 година изнесувала 20.439 денари, а во првата половина од годинава изнесува 21.696 денари. Тоа значи дека платата за изминатите 5 години пораснала за 6,2 отсто, но ако на тоа се пресметаат зголемените трошоци за живот, таа зголемена плата вреди за 3,5 отсто помалку отколку пред пет години. Во исто време, БДП-то секоја година се зголемува за околу 3 отсто. Се наметнува прашањето зошто платите не го следат растот на економијата и каде завршува тој раст.

Имаме висока корупција и злоупотреба на власта, што доведува до тоа јавните пари што се трошат за економскиот раст да се злоупотребуваат, односно да завршуваат во рацете на малкумина. Втората причина е што имаме доминантна позиција, односно монополска моќ на многу од пазарите, што исто така овозможува компаниите да зграпчуваат дел, да го екстрахираат потрошувачкиот вишок, значи да земаат дел од потрошувачите и третата причина е што имаме ниски работнички права, што овозможува делот што оди за работниците да биде помал од делот што оди за сопствениците на капиталот.

Економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ вели дека фактот дека економијата колку-толку расте, а реалните плати се намалуваат покажува дека економскиот раст речиси целосно завршува во рацете на сопствениците, додека работниците не добиваат ништо, со што нееднаквоста дополнително се зголемува.

„Причините за тоа ги лоцирам во три работи. Првото е што имаме висока корупција и злоупотреба на власта, што доведува до тоа јавните пари што се трошат за економскиот раст да се злоупотребуваат, односно да завршуваат во рацете на малкумина. Втората причина е што имаме доминантна позиција, односно монополска моќ на многу од пазарите, што исто така овозможува компаниите да зграпчуваат дел, да го екстрахираат потрошувачкиот вишок, значи да земаат дел од потрошувачите и третата причина е што имаме ниски работнички права, што овозможува делот што оди за работниците да биде помал од делот што оди за сопствениците на капиталот“, вели Јовановиќ.

Во прилог на оваа теза на Јовановиќ оди и фактот што според Џини индексот на Светската банка, Македонија е земја со најголема нееднаквост во приходите во Европа.

Економистот Биљал Касами од Движењето Беса вели дека уште поголем проблем од тоа што платите не го следат растот на БДП-то, е тоа што платите не го следат ниту растот на цените. Владата постојано се фали со номиналниот раст на платите, но не сака да зборува за тоа што тие реално губат од вредноста, вели тој.

„Реалната плата се намалува и Македонија сè повеќе тоне во бездната на сиромаштијата, а тоа се гледа и по тоа што секој ден нашите луѓе, односно младите кадри си одат од државата“, вели тој.

Податоците од државната статистика покажуваат дека поради ниската инфлација, реалната плата во изминатите две години е зголемена за околу три отсто, по неколкугодишниот претходен пад.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG