Достапни линкови

Руско-украинска „војна“ со забрани и санкции


Русија ќе го затвори својот воздушен простор за украински авиони почнувајќи од 25 октомври, како одговор на забраната што ја воведе Украина во минатата недела за руски авио-компании. Агенцијата за транспорт во Москва соопшти дека ја воведува забраната по инструкции од рускиот премиер Дмитри Медведев.

Киев, чија забрана е со цел да ја казни Русија за нејзината анексија на Крим и за поддршката на сепаратистите во источна Украина, исто така го забрани и транзитот на руски летови доколку авионите превезуваат воен персонал или производи со двојна намена.

Москва го оквалификува потегот на Киев како „акт на лудило“.

Претходно украинскиот претседател Петро Порошенко ја прошири листата на санкции против руски компании и лица, така што сега на неа се 400 официјални претставници и 90 компании.

XS
SM
MD
LG