Достапни линкови

Турција одбива да отвори бегалски кампови во земјата


Турција одбива на нејзина територија да бидат отворени кампови за прифаќање и регистрирање на мигранти какви што бара ЕУ, со цел да се справи со мигрантската криза, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу.„Им кажавме на Европејците дека нема да има никаков прифатен центар во Турција, истакна Давутоглу, додавајќи дека отворањето на такви центри е „неприфатливо и нехумано“. За време на вонредниот Самит минатата недела, лидерите на ЕУ се договорија да ги зајакнат надворешните граници поради приливот на мигранти, создавајќи центри за прифаќање и регистрирање во Италија и Грција. Тие, исто така, соопштија дека ќе одвојат најмалку една милијарда евра дополнителни средства за Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и за Светската програма за храна, со цел да им се помогне на бегалците во соседните земји на Сирија. Давутоглу ја отфрли идејата неговата земја да ја прифати ваквата помош.

XS
SM
MD
LG