Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун повика да се стави крај на војната во Сирија


Генаралниот секретар на Обединетите Нации, Бан Kи Мун го отвори Генералното собрание со повик за крај на конфликтот во Сирија. Во денесшниот негов повик адресиран до светските лидери во Њујорк, тој за прв пат упати повик ситуацијата во Сирија да биде упатена до Меѓународниот кривичен суд.

Бан Ки Мун рече дека сирискиот конфликт е „управуван од страна на регионални сили и ривалства“ и оти Русија, САД, Саудиска Арабија, Турција и Иран го имаат клучот за политичко решение на војната.

Сирија ќе биде клучното прашање за кое светските лидери ќе бараат запирање на конфликтот во кои се убиени повеќе од 200 илјади луѓе, а милиони се раселени.

Американскиот претседател Барак Обама во моментов говори на Генералното собрание на ОН, а потоа ќе зборуваат и рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рохани.

XS
SM
MD
LG