Достапни линкови

logo-print

Грција во спасувачка акција на мигранти


Грчката крајбрежна стража во последните три дена спасила 992 бегалци, кои се обиделе да влезат во земјата од турска страна. Западните медиуми објавуваат дека од петокот до денеска во источниот дел на Егејското Море биле спроведени 32 спасувачки операции во близина на неколку грчки острови, меѓу кои Лезбос, Самос и Родос. Според меѓународната организација за миграција, бројот на мигрантите кои пристигнале во Европа преку Средоземното Море од почетокот на годинава надминал 350.000 лица. Најголемиот дел од нив пристигнале од Грција, околу 218 илјади, потоа следуваат Италија, околу 114 илјади, Шпанија, околу 2.000 и Малта - 94 лица.

XS
SM
MD
LG