Достапни линкови

logo-print

Нема фајде од задолжување за плати


Презентација на Редовниот економски извештај за Југоисточна Европа на Светска банка.

Презентација на Редовниот економски извештај за Југоисточна Европа на Светска банка.

Ако некоја земја се задолжува за нови работни места и зголемување на економскиот раст, тоа е продуктивно, но ако се задолжува за плати во јавниот сектор, тоа секако не е, вели в.д. директорот на Светска банка, Горан Тиниќ, кој додава дека иако Македонија е ниско задолжена земја, во иднина треба да се биде внимателен кога е во прашање задолжувањето.

На Македонија ќе и бидат потребни најмалку 30 години за да го достигне стандардот на ЕУ и тоа само ако остварува раст од 4,5 проценти, а Унијата само од 0,5 отсто, според прогнозата на Светска банка и извештајот за скорешните економски случувања во Југоисточна Европа. Светска банка за годинава на Македонија и предвидува 3,2 проценти економски раст. Во извештајот е наведено дека економскиот раст во регионот забрзува, но во земјава забавил и секторите кои најмногу придонеле за БДП се трговијата, транспортот и градежништвото, додека индустријата бележи застој.

Промена овој пат е што индустријата има помала контрибуција кон растот со оглед на тоа што индустриското производство во првото полугодие беше речиси нула, а некои месеци негативно.

Бојан Шимбов, економист во Светска банка, вели дека растот во Македонија годинава ќе биде помал од претходната година, што земјата ја прави исклучок во регионот, а тоа е поради политичките случувања кои влијаат врз економијата.

„Економскиот раст во земјава главно беше поддржан од градежништвото, трговијата и останати услуги, односно финансиските услуги имаат најголема контрибуција. Промена овој пат е што индустријата има помала контрибуција кон растот со оглед на тоа што индустриското производство во првото полугодие беше речиси нула, а некои месеци негативно“, вели Шимбов.

Повторно се поставува истото прашање, односно не дали, туку зошто се задолжувате. Кој е квалитетот на тие задолжувања? Доколку некоја земја се задолжува за да отвори нови работни места и да го зголеми економскиот раст и развој, тоа е продуктивно. Доколку државата се задолжува за плати во јавниот сектор, тоа секако не е продуктивно.

Според него, забележан е раст на потрошувачката, а пад на инвестициите. Во однос на извозот, тој останува солиден и годинава, а трговскиот дефицит продолжил да се намалува во првото полугодие. Финансискиот сектор е стабилен, но нефункционалните кредити остануваат високи. Невработеноста, иако е намалена, како што вели Шимбов, останува највисока кај младите, а сиромаштијата во 2013 забележала мал пад. Фискалниот дефицит, според него, останува висок и расходите се поголеми од приходите.

„Главно тука е зголеменото трошење на Владата, кое не е во сооднос со зголемувањето на приходите. Значи буџетската реализација во последните години е под нивото кое е планирано на почетокот на годината и тој феномен е поизразен кај приходите, отколку кај расходите. Така што, тоа доведува до константна надолна реализација на буџетот во однос на тоа што е проектирано“, додава Шимбов.

Владата најмногу троши на плати, пензии, здравствена заштита и други трансфери, а многу малку на капитални инвестиции. Јавниот долг се очекува да се зголемува во иднина поради високиот фискален дефицит. Во однос на задолжувањата, в.д. директорот на Светска банка, Горан Тиниќ вели дека, иако Македонија е ниско задолжена земја, во иднина треба да се биде внимателен кога е во прашање задолжувањето.

„Повторно се поставува истото прашање, односно не дали, туку зошто се задолжувате. Кој е квалитетот на тие задолжувања? Доколку некоја земја се задолжува за да отвори нови работни места и да го зголеми економскиот раст и развој, тоа е продуктивно. Доколку државата се задолжува за плати во јавниот сектор, тоа секако не е продуктивно и го продлабочува јазот на фискалната ефикасност на секоја земја“, вели Тиниќ.

Во однос на кризата со мигрантите, тој додава дека затворањето на границите секако има влијание врз економијата во Југоисточна Европа.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG