Достапни линкови

Отворена истрага против шефот на Фолксваген


Обвинителите во Германија отворија истрага против поранешниот генерален директор на Фолксваген, Мартин Винтеркорн. Канцеларијата на Обвинителството денеска соопшти дека ќе ги разгледа „тврдењата за измама за продажбата на автомобили со манипулирани податоци за емисијата на гасовите.“ Винтеркорн минатата недела поднесе оставка поради скандалот со мамење на тестовите за емисија на штетните гасови во САД, велејќи дека немал сознанија за манипулацијата. Регулаторите во САД во дизел мотрите најдоа софтвер кои ја правел манипулацијата.

XS
SM
MD
LG