Достапни линкови

logo-print

Русија разгледува рестриктивни мерки против Украина


Рускиот премиер Дмитриј Медведев му наложи на Министерството за транспорт да разгледа рестриктивни мерки против Украина, како одмазда за забраната на руските летови во земјата. Украинската Влада минатата недела соопшти дека ги забранува летовите за руските авиони. Украинскиот премиер Арсениј Јатсенук на 25 септември рече дека руските транзитни летови во Украина се уште ќе бидат дозволени, освен ако не содржат воена опрема. Претходно месецов, Киев на црната листа стави 25 руски авиокомпании како закана за националната безбедност.

XS
SM
MD
LG