Достапни линкови

logo-print

Победија партиите кои се залагаат за независност на Каталонија


Мнозинство од местата од Парламентот во Каталонија освоија партиите кои притискаат североисточниот шпански регион да се отцепи и да биде формирана нова нација на Медитеранот. Од 97 проценти од изброените гласови на изборите на 27 сепрември, групата „Заедно за Да“ освои 62 места во 135-члениот Парламент. Ако ги здружат силите со левичарската партија која се залага за независност, тие ќе имаат 68 пратенички места, кои се потребни за оствари планот Каталонија да прогласи независност од Шпанија во 2017 година. Сецесионистите веќе делго време притискаат да се одржи референдум за независност, но централната влада на Шпанија одбива тоа да го дозволи.

XS
SM
MD
LG