Достапни линкови

Осомничен за убиството на Немцов го повлече признанието


Човекот од северен Кавказ кој е во притвор под сомнение за вмешаност во убиството на рускиот опозициски политичар Борис Немцов, го повлече своето признание, соопштуваат локалните медиуми. Тоа сега значи дека ниту еден од петте осомничени за убиството ја нема признаено вината. „Информирани извори“ за порталот Росбалт рекле дека осомничениот Шадид Губашев го повлекол своето признание на 24 септември, тврдејќи дека бил измамен и под притисок на истражителите. Двајца други осомничени кои првично го признаа делото пред да ги повлечат нивните изјави, велејќи дека за тоа биле принудувани и измачувани. Немцов беше убиен во близина на Кремљ на 27 февруари, шетајќи се со неговата девојка.

XS
SM
MD
LG