Достапни линкови

Колку пратеници треба да има дијаспората?


Најголем интерес од нашите читатели предизвикала темата за гласањето на дијаспората и бројот на пратеници што треба да дојдат од редовите на иселениците.

Минатонеделното неделно интервју со професор Љубомир Фрчкоски предизвика голем број ваши коментари, некои од нив ги застапивме и во тој понеделничен преглед во нашата рубрика „Светот на интернет“, а еве некои и во денешниов.

Човекот е во право. Откако исели околу 400.000 народ, сега ќе врати барем 20-мина за добра плата плус бенефиции.
коментар од читател.

Никола од Скопје е зајадлив, па го прашува професорот дали кажаното за МВР го зборува од лично искуство, а Цеце од Куманово му порачува да престане да дава изјави и стручни мислења затоа што со секое појавување работел во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Цеце го коментира и делот од интервјуто на Фрчкоски за претстојната најголема пречка во меѓупартиските преговори: изборното законодавство. Иронично го нарекува професорот „голем демократ“ и го прашува зошто молчи за загарантирани места во собранието за помалите етнички заедници. Зоран, пак, им се обраќа на вмровците, па вели: „Паторот и началникот се богатат, а вие како овци блејте. Е, прости луѓе. Паторот е глуп. Треба и друго да ви прави, ај да не кажам што. Мислете со главите малку, џабе ги носите“, им порачува Зоран на членовите на владејачката партија.

Мислете со главите малку, џабе ги носите.
коментар од читател.

Познавачите на политиката го оценија предлогот на Груевски да се избираат не тројца, ами 20 пратеници од дијаспората како несериозен и неодговорен, а и вие, почитувани, имате ваше мислење: Незабеган иронично коментира дека Груевски сака да направи Горен дом на дијаспората во Собранието и дека такво нешто може само во Македонија. Петар вели дека не му се верува дека „премиерот секој ден тресе зелени“, па прашува од кои пари и која економија ќе ги плаќа тие дваесетмина и дали толку пари оставаат нашите од странство во земјава. И дека за нив можело да се изгради и нова зграда на Собранието во барок или неокласицизам со стиропор и гипс и задолжително една убава ограда, што повисока тоа поубава. „Ова е веќе забеганост, жалам!!!“ Ситизен, пак, повторно со иронија, забележува дека: „Човекот е во право. Откако исели околу 400.000 народ, сега ќе врати барем 20-мина за добра плата плус бенефиции“, напишал Ситизен. Па во пост скриптум допишал: „А некој да го праша, на овие повторно следат и оние три од карти (17) пратеници“.

Инаку на нашата интерна анкета дали специјалната обвинителка ќе покрене обвинение против Груевски или против Заев, 45 отсто од одговорите се „да“ против Груевски, а 16 отсто против Заев. 23 проценти од вас сметаат дека двајцата ќе добијат кривични обвиненија.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG