Достапни линкови

logo-print

Време на немири и надеж


Светските лидери се собираа на 70-иот состанок на Генералното Собрание на Обединетите Нации. Собирот доаѓа во период кој Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го нарече „време на немири и надеж“.

Генаралниот секретар на Обединетите Нации, Бан ки Мун го отвори Генералното собрание со повик да се стави крај на конфликтот во Сирија. Тој на денешното обраќање до светските лидери во Њујорк, за прв пат повика ситуацијата во Сирија да биде упатена до Меѓународниот кривичен суд.

Бан Ки Мун рече дека сирискиот конфликт е „управуван од страна на регионалните сили и ривалства“ и оти Русија, САД, Саудиска Арабија, Турција и Иран го имаат клучот за политичко решение на војната.

Сирија е клучното прашање за кое светските лидери бараат запирање на конфликтот, во кој се убиени повеќе од 200 илјади луѓе, а милиони се раселени.

Американскиот претседател Барак Обама при обраќањето на Генералното собрание рече дека Вашингтон ќе соработува со било која земја за решавање на војната во Сирија, а посебно ги издвои Русија и Иран.

Но, тој истакна дека нема да биде можно враќањето на статус кво ситуацијата, како пред почетокот на војната.

„Ние мора да признаеме дека после толку масакри и крвопролевање, нема враќање на предвоениот статус кво“, рече Обама.

Тој го осуди сирискиот претседател Башар ал-Асад и го нарече тиранин, додавајќи дека напорите за соборување на групата на Исламската држава, не смеат да го зајакнат Асад.

Обама исто така рече дека светот не може да стои настрана додека Русија го повредува суверенитетот и интегритетот на Украина, и оти Вашингтон не сака да ја изолира Русија. Тој истакна дека сака Русија да се ангажира дипломатски и да ја реши кризата на начин што ќе и овозможи на Украина да ја определи сопствената иднина.

Американскиот претседател Барак Обама беше меѓу првите кои се обратија на Генералното Собрание.

Во првото појавување на рускиот претседател Владимир Путин во Собранието на Светската Асамблеја во последната деценија, неговиот фокус беше ставен врз борбата против исламскиот екстремизам на Блискиот исток, вклучувајќи ја и Сирија, каде што Русија во последните недели го зголеми своето воено присуство како поддршка на режимот на Башар ал Асад.

Путин рече дека несоработувањето со силите на Башар ал-Асад е голема грешка, истакнувајќи дека тоа е единствената сила која „навистина се бори“ против групата на Исламската држава во Сирија.

„Мислиме дека е огромна грешка одбивањето на соработката со сириската Влада и нејзините сили, кои храбро вице в лице се борат против тероризмот“, рече денеска Путин пред Генералното собрание на Обединетите Нации.

Тој исто така го обвини Западот за вооружување на „умерените“ бунтовници во Сирија, велејќи дека тие подоцна им се приклучуваат на милитантите на ИД.

Путин рече дека Русија, како и претседателот на Советот за безбедност на ОН, ќе бара согласност за резолуција со цел координирање на акциите на сите сили кои се соочуваат со екстремистите во Сирија.

Руското воено присуство во Сирија предизвика загриженост во Вашингтон, но и поради чекорите на Москва во источна Украина и поддршката на тамошните про-руски сепаратисти, нешто што Кремљ го негира.

Но, Владимир Путин и претходно изјави дека Москва не планира да учествува во копнена операција во Сирија

Меѓу оние кои во Њујорк го привлекуваат вниманието на јавноста е и иранскиот претседател Хасан Рохани.

Тој, исто така се фокусира врз кризата во Сирија. Според Рохани, отстранувањето на неговиот сојузник Башар ал Аасад од власта во Сирија ќе креира од оваа земја рај за екстремистите.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG