Достапни линкови

logo-print

Антивладини протести во Подгорица


Опозицискиот Демократски фронт побара синоќа на протестот во Подгорица оставка на владата на Мило Ѓукановиќ, како неопходен услов за формирање на преодна влада, чија цел би била организирање избори. Пред црногорскиот парламент протестираа неколку илјади луѓе, а забележително беше силно присуство на припадници на полицијата. Организаторите на протестот побараа целосна измена на изборното законодавство за спроведување на, како што е наведено, први фер и слободни избори во земјата. Лидерите на Демократскиот фронт порачаа дека ќе останат на платото пред парламентот се до исполнување на барањата и ги повикаа граѓаните и опозициските партии да им се придружат.

Најмалку 400 луѓе ја минале и ноќта во шатори пред парламентот, а за денеска се најавува продолжување на протестите.

XS
SM
MD
LG