Достапни линкови

Азербејџанскиот обвинител покрена истрага за дописник на РСЕ


Полицијата во Баку извршила претрес на станот на новинар – дописник на азербејџанскиот сервис на Радио Слободна Европа. Според налогот за претрес, изнајмениот стан на новинарот Ислам Шикали, бил проверен од полицијата поради сомневања за затајување на данок. При престресот на новинарот му беа одземени видео камера, телефон, тефтер, банкарски картички и личната карта. Подоцна личните предмети му биле вратени освен пасошот.

За време на претресот, Шикали не бил дома, но неговиот цимер бил спроведен на информативен разговор во полиција кој траел речиси два часа. Шикали е поканет в понеделник на информативен разговор во канцеларијата на обвинителот.

XS
SM
MD
LG