Достапни линкови

Масовни протести во Молдавија


Најмалку 15 илјади луѓе излегоа на протест во молдавската метропола против Владата, јавуваат светските новински агенции. Протестот е организиран од опозицијата со барање за предвремени парламентарни избори.

Масовните протести за прв пат започнаа на 6 ти септември откако десетици илјади луѓе излегоа на демонстрации против про-западната владејачка коалиција која не успеа да излезе на крај со корупцијата и да ги спроведе потребните реформи. Гувернерот на Централната Банка си поднесе оставка на 21 септември, откако беше критикуван во јавноста затоа што не успеал да спречи масовно исцрпување на фондовите од локалните банки минатата година.

Последниов протест доаѓа на само неколку дена откако Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека нам да преговара за нов договор за заем со Владата.

XS
SM
MD
LG