Достапни линкови

Кери се сретна со Зариф


Американскиот државен секретар Џон Кери се сретна со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф на маргините на Генералното собрание на ОН во обид да се отвори дијалог за кризата во Сирија и Јемен. Кери изјави дека е потребно да се постигне мир на Блискиот Исток и да се изнајде начин за напредување во решавањето на тешките прашања во Сирија и Јемен. Зариф, пак, изјави дека неговиот главен фокус во разговорот со Кери бил имплементацијата на историскиот нуклеарен договор. Тој го спомна и „несреќниот настан во Саудиска Арабија“ при кој загинаа 769 верници за време на аџилак, за кој, како што вели, треба да биде „достојно адресиран на меѓународниот форум.“ Претходно генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун побара од иранскиот претседател Хасан Рохани да „придонесе во разрешувањето на кризата во регионот“ посочувајќи ги Сирија и Јемен.

XS
SM
MD
LG