Достапни линкови

Каталонците го трасираат патот кон независност


Spain -- People queue in a polling station to casts their ballot in a symbolic independence vote in Barcelona, November 9, 2014

Spain -- People queue in a polling station to casts their ballot in a symbolic independence vote in Barcelona, November 9, 2014

Во североисточната шпанска покраина Каталонија денеска се одржуваат регионални избори. Националистичките партии се надеваат дека со овие избори ќе го трасираат патот кон независност односно одвојување од Шпанија. Двете најголеми сепаратистички партии креираа заедничка листа на кандидати за пратеници надевајќи се дека така ќе го обезбедат мнозинството од 135 пратенички позиции во регионалното Собрание. Претставниците на двете партии сметаат дека таквиот резултат ќе им овозможи да прогласат независноста во рок од 18 месеци.

Анкетите покажуваат дека мнозинство Каталонци сакаат да биде организиран референдум за прашањето за независност, но се поделени околу тоа дали сакаат целосно да се отцепат.

Шпанската централно-десничарска влада на Маријано Рахој се противи на обидите да се одржи референдум за отцепување на Каталонија, па затоа плановите на двете сепаратистички партии за независност ги нарече „бесмислици.“

Широката коалиција од левичарски и десничарски партии, кои го поддржуваат отцепување од Шпанија, изборите ги оценуваат како фактички гласање за независност. Владата во Мадрид вели дека дефинитивно ќе се спротивстави на секакво грабнување на власта од Барселона.

Изборите, на кои се очекува да гласаат до 5,4 милиони луѓе, немаат уставна сила да воспостават самоуправа.

XS
SM
MD
LG