Достапни линкови

Франција стартуваше со воздушни напади врз милитантите од ИД во Сирија


Франција соопшти дека започна со првите воздушни напади врз милитантната група од ИД во Сирија. Во соопштението од претседателскиот кабинет е наведено дека со првите напади се погодени терористички цели кои претходно биле утврдени при извидничките мисии кои беа спроведени во изминативе две недели.

Во соопштението е наведено дека операцијата за борба против „терористичките закани од ИД“ е во координација со партнерите од американската коалиција. Меѓу другото во соопштението се повикува „сеопфатен одговор за сирискиот хаос.“ Во септември 2014 година Франција се приклучи кон американската коалиција за спроведување на воздушни напади против милитантите од ИД во Ирак откако екстремистичката група зазеде големи делови од сириската и ирачката територија.

Претходно, во почетокот на месецов,францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека неговата земја ја разгледува можноста за извршување на воздушни напади врз засолништа на милитантите во Сирија, додавајќи дека такви напади биле планирани да извршат и други земји вклучувајќи ја и Франција.

XS
SM
MD
LG