Достапни линкови

Иранскиот ајатолах бара извинување од Саудиска Арабија


Иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи изјави дека Саудиска Арабија треба да се извини за смртоносното човечко стампедо кое настана за време на аџилакот: Последните податоци од саудиските власти покажуваат дека загинаа 769 верници, а над 900 се повредени во инцидентот кој настана во близина на Мека на 24-ти септември. Техеран соопшти дека најмалку 144 од загинатите се Иранци, а над 320 нивни граѓани се водат како исчезнати.

Ајатолахот Хамнеи изјави дека Саудиска Арабија треба да ја прифати одговорноста и да им се извини на муслиманите и на семејствата на жртвите. Ваквите коментари доаѓаат на само еден ден откако иранскиот претседател Хасан Рахани побара истрага за причините за стампедото а државниот обвинител Ебрахим Раиси изјави дека ќе побара на саудиското кралско семејство да му се суди во меѓународните семејства за како што велите „ нивните криминални дејанија“. Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Адел ал Џубеир Адел ал Џубеир го обвини Иран дека игра политика со трагедија.

XS
SM
MD
LG