Достапни линкови

Ирак, Иран,Русија и Сирија заедно против милитантите од ИД


Ирачката војска ќе соработува со Русија, Иран и Сирија во справувањето со заканите кои доаѓаат од милитантната група од Исламска Држава. Од ирачката војска соопштуваат дека до договорот за соработка дошло по зголемената загриженост на Русија за илјадниците терористи од Русија кои преземаат криминални дела со група од ИД. Соопштението кое дојде од ирачката војска е контрадикторно во однос на претходната изјава на ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал Јафари кој изјави дека во земјата не пристигнале руски воени соработници кои ќе и помогнат на војската.

Анализите покажуваат дека Русија ја засили својата воена вмешаност во Сирија во последните неколку недели додека од друга страна притиска Дамаск да се вклучи во меѓународните напори за борба против милитантите од ИД, за што Вашингтон не се согласува.

XS
SM
MD
LG