Достапни линкови

Естонија и Русија разменија затвореници осудени за шпионажа


Направена е размена на затвореници осудени за шпионажа меѓу Естонија и Русија, јавуваат руските медиуми повикувајќи се на извори од руските безбедносни служби. Според објавеното, осудениот во Русија естонски припадник на безбедносните служби Ештон Ковер е пуштен од затвор со цел, размена за поранешниот припадник на естонските безбедносни служби Алексеј Дресен кој во Естонија е осуден за шпионажа во корист на Русија.

Ковер минатиот месец беше осуден во Москва на 15 години затвор во судски процес кој се одививаше зад затворени врати, поради шпионажа и нелегално минување на руската граница.
Естонија жестоко ги негираше обвинувањата тврдејќи дека Ковер бил киднапирани и присилно одведен во Русија.

Дресен пак од друга страна е осуден во Естонија во 2012 година под обвинение дека шпионира во корист на Русија, а неговата сопруга како соучесник доби казна затвор од 6 години.

Размената на затвореници доаѓа на само два дена пред обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин на Генералното собрание на ОН.

XS
SM
MD
LG