Достапни линкови

Речиси 100 илјади мигранти минале низ Македонија


Речиси 100 илјади мигранти минале низ Македонија во последниве три месеци. Според податоците на МВР, во период од 19 јуни до денеска 98 602 странски државјани добиле потврда за искажана намера за азил. Само во изминативе 24 часа, од министерството се издадени 1.738 потврди.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-75.016, Авганистан-10.289, Ирак-5.949, Пакистан-2.674, Палестина-1.076, Сомалија-628, Бангладеж-609, Иран-569, Конго-368, Нигерија-221, Камерун-178, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-113, додека останатите се во помал број.

Од почетокот на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

XS
SM
MD
LG