Достапни линкови

Стабилизирана ситуацијата на хрватско-српската граница


Над десет илјади бегалци пристигнаа вчера во Хрватска, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи. Министерството нагласи дека бројот на бегалците, кои пристигнуваат во земјата се зголемува. Во Хрватска во моментот се наоѓаат околу 65 илјади бегалци. Од хрватската територија мигрантите најчесто се насочуваат кон Унгарија, од каде продолжуваат за Австрија и Германија, но и кон други држави во Западна Европа, се наведува во соопштението на хрватското МВР. Повеќето мигранти се сместени во бегалскиот камп во Опатовац, кој се наоѓа во близина на хрватско-српската граница. Ситуацијата на хрватско-српската граница по укинувањето на блокадата е целосно стабилизирана.

XS
SM
MD
LG