Достапни линкови

Малала: Светот ја загуби човечката хуманост


Тинејџерката добитничка на Нобелова награда Малала Јусафзаи побара од светските лидери да направат повеќе за справување со сириската криза. Таа во својот говор на отворањето на самитот на Обединетите Нации изјави дека сликата со удавено детенце бегалец од Сирија,покажува дека светот дека ја загуби хуманоста. Таа истакна дека сликата што ја обиколи светот на Ајлан Курди, тригодишното момче кое беше пронајдено удавено на плажа во Турција, ја прикажува во целост состојбата на сириската мигрантска криза пред светската јавност.

„ Ја изгубивме хуманоста денот кога едно дете не е никаде добредојдено, важно е луѓето да ги отворат своите срца и границите за оние на кои им е најпотребна поддршка и кои се борат за право за живот“, рече Јусафзаи пред светските лидери.

Малала во својот говор побара од лидери да се стават во кожата на загрозените и да замислат како би било аконивните деца патат од злоупотребите што ги прават припадниците на ИД кои преземале голем дел од Сирија и досега масакрирале илјадници луѓе.

XS
SM
MD
LG