Достапни линкови

Земи зелен пасош


Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.

Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.

Забрзаниот технолошки развој во дваесеттиот век го наруши билансот помеѓу природата и човекот, притоа создавајќи илузија дека со новите технолошки решенија можат да се контролираат природните процеси, пишува активистот Рубично Аризанкоски во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Во оваа колумна малку ќе дадам простор за енергетската ефикасност. Би се прашале зошто сум се одлучил да пишувам на оваа тема. Па, неколку дена размислував и увидов дека сите кои пишуваат колумни дадоа акцент на внатрешните политички и економски релации во земјата. Затоа, во оваа колумна ќе дадам акцент на енергијата, одржливоста и законодавните рамки. Што се вели малку да „забегам“ од другите.

Изборот на изворот на енергијата е избор што треба самостојно секој поединец да го изврши и притоа секогаш да има предвид дека ресурсите во кои уживаме денес ги позајмуваме од нашите идни генерации.

Воедно, енергијата е способност за вршење работа, движење, обезбедување топлина и живот. Изворите на енергија се делат на обновливи и необновливи. Необновливите извори на енергија се во ограничени количества и помалку благопријатни кон животната средина, споредено со обновливите извори на енергија. Одржливата енергија е енергетски ефикасен начин за производство и користење на енергија што има колку што е можно помалку штетно влијание врз животната средина.

Технологиите за производство на електрична енергија од обновливите извори на енергија имаат значително помало енергетско влијание врз животната средина отколку користењето на конвенционалните извори на енергија. Влијанието врз здравјето на луѓето и животната средина на обновливите извори на енергија зависи од применета технологија, локација и имплементација на инсталацијата, односно проектот.

Според официјалните податоци, во Македонија доминантни форми на потрошувачка на енергија во домаќинствата се електричната енергија (главно за греење) до 52,6 проценти и биомасата (огревно дрво) до 33,3 проценти. Течните горива и топлинската енергија за централно греење учествуваат со 6,9 проценти. Изборот на изворот на енергијата е избор што треба самостојно секој поединец да го изврши и притоа секогаш да има предвид дека ресурсите во кои уживаме денес ги позајмуваме од нашите идни генерации.

Потрошувачката на енергија во Македонија во периодот од 1990 до 2001 година практично не се менува. Меѓутоа, по 2001 година се забележува забрзан пораст на потрошувачката на енергија, особено на потрошувачката на електрична енергија. Во 2006 година имаше близу 5,5 пати поголема потрошувачка на електрична енергија по единица БДП од развиените европски земји. Во потрошувачката на електрична енергија во 2007 година може да се потенцира дека индустријата учествува со 33,8 проценти, домаќинствата со 29 проценти, земјоделството и шумарството со 1,9 проценти додека неенергетските потреби со 1,7 проценти.

Забрзаниот технолошки развој во дваесеттиот век го наруши билансот помеѓу природата и човекот, притоа создавајќи илузија дека со новите технолошки решенија можат да се контролираат природните процеси.

Во законските акти, стратегии и правилници што ги донесе Владата на Македонија (Закон за енергетика, Стратегија за енергетска ефикасност, Правилник за енергетска ефикасност на градежните објекти, и сл.) се предвидува воведување на повеќе мерки за енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија со цел да се намали потрошувачката на енергија. Со Законот за енергетика, согласно европската регулатива во Македонија од 2012 година се предвидува спроведување на енергетски контроли на градежните објекти при што се издава и сертификат – пасош за енергетска ефикасност на објектот.

Би сакал да потенцирам дека од страна на Владата на Македонија во септември 2007 година е формирана Агенцијата за енергетика. Агенцијата има својство на правно лице, а средствата за вршење на дејноста се обезбедуваат преку трансфери од Буџетот на Македонија, приходи од вршење на специфични услуги во областа на енергетиката како и од донации која ги обезбедува нејзина самоодржливост.

Би додал дека забрзаниот технолошки развој во дваесеттиот век го наруши билансот помеѓу природата и човекот, притоа создавајќи илузија дека со новите технолошки решенија можат да се контролираат природните процеси.

XS
SM
MD
LG