Достапни линкови

Иран бара учествo во истрагата за загинатите во Мека


Иран побара заедно со други засегнати земји да учествува во истрагата на Саудиска Арабија за загинувањето на 717 верници во вчерашното стампедо во Мина, кај Мека, вклучително и 131 Иранец. „Саудиската влада е одговорна и мора да одговори“, рече првиот заменик претседател Есхак Џахангири по вонредната седница. „Нема сомнение за лошото управување“ на аџилакот и за „неискуството на персоналот за обезбедување“, рече тој. Иранската новинаска агенција цитираше официјален претставник како вели дека 365 Иранци се уште не се пријавени.

XS
SM
MD
LG