Достапни линкови

Украина забрани летови за руски авиокомпании


Украинскиот премиер Арсениј Јатсенук денеска соопшти дека владата ги забранила летовите за руските авиокомпании во Украина, првенствено за „Аерофлот“ и „Трансаеро.“ Јатсенук рече дека во согласност со одлуките на Советот за национална безбедност и одбрана, руските летови за транзит и натаму ќе бидат дозволени, освен ако не содржат воена опрема или воен персонал. Претходно овој месец, Киев на црна листа стави 25 руски авиокомпании како закана за националната безбедност. Јатсенук исто така соопшти дека од страна на државните институции е забранета и употребата на руски софтвер, особено антивирус софтверот Касперски.

XS
SM
MD
LG