Достапни линкови

САД и коалицијата извршија 22 воздушни напади против ИД


Коалицијата предводена од САД таргетирајќи цели на групата на Исламската држава, изведе 22 воздушни напади во последните 24 часа. Во денешното сооопштение на армијата на САД се вели дека 21 напад бил насочен против цели во Ирак, од кои девет во близина на градовите Мосул и Рамади, кои се под контрола на групата на ИД. Коалицијата соопшти дека подгодиле борци на ИД, нивни складишта за оружје и други цели. При единствениот напад во Сирија била погодена точката кај Деир ез-Зор, каде милитантите на ИД чувале сурова нафта. Коалицијата од минатата година спроведува напади против позиции на групата на ИД со цел да им помогне на ирачките сили да ја отстрани сунитската екстремистичка група од областите во северен и западен Ирак, која контролира и области во источна Сирија.

XS
SM
MD
LG