Достапни линкови

Прифатени дел од барањата на машиновозачите


Штрајкот со глад на дел од машиновозачите вроди со плод и по две недели, тие денеска издејствуваа средба со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. На средбата биле прифатени дел од нивните барања и им била дадена понуда за која треба да се изјаснат до попладнево. Машиновозачите информираат дека Управниот одбор на нивниот синдикат треба да ја разгледа понудата пред да одговори дали е прифатлива. На машиновозачите им било ветено дека до 2 октомври ќе ја земат втората половина од августовската плата и дека ќе се направат напори до крајот на октомври да ја земат платата за септември и дека од ноември, платите ќе ги добиваат редовно. Патните трошоци, според понудата, ќе им се исплаќаат до 10-ти наредниот месец, помошниците ќе добијат зголемување на коефициентот со новата систематизација до крајот на годинава и дека и машиновозачите ќе добијат исти бенефиции како полицијата и војската. Сепак, не им било прифатено барањето да нема казни за штрајкувачите.

XS
SM
MD
LG