Достапни линкови

Милановиќ: Границата со Србија наскоро ќе биде отворена


Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ изјави дека ограничувањата на границата со Србија ќе бидат отстранети во следните 24 часа. Милановиќ денеска рече дека одржува разговори со неговите колеги и дека денеска или утре ќе биде отворена границата со Србија. Коментарите доаѓаат откако портпаролот на Европската Комисија побара итно појаснување од хрватските власти за одлуката на Загреб да ги блокира камионите од Србија со цел да изврши притисок до Белград да ги праќа мигрантите кон Унгарија. Пред неколку дена и Србија забрани влез за комионите од Хрватска. Шефот за надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини денеска ги повика премиерите на Србија и Хрватска да го решат проблемот. Кризата започна кога Унгарија ја затвори границата и остави десетици илјади бегалци во Србија.

XS
SM
MD
LG