Достапни линкови

Медали за храброст за затворените Украинци во Русија


Украинскиот претседател Петро Порошенко ги награди со медали за храброст режисерот Олех Сенцов и активистот Олександар Колченко, кои минатиот месец контроверзно беа затворени во Русија. Порошенко им додели медали за храброст од прв степен. Рускиот суд на 25 август ги осуди Сенцов на 20 и Колченко на 10 години затвор, откако одлучи дека се виновни за создавање на терористичка група и за планирање на терористички активности на Крим. Сенцов и Колченко се изјаснија дека се невини и дека судењето е политички мотивирано.

XS
SM
MD
LG