Достапни линкови

Притворени двајца осомничени милитанти на ИД во Москва


Московскиот суд одреди притвор за двајца осомничени милитанти на групата на Исламската држава. Портпаролот на судот Јулија Скотникова денеска соопшти дека осомничените руски државјани Ахмед Амирканов и Керим Хатијев, ќе бидат во притвор до 23 ноември. Двајцата се обфинети за учество во активности во нелегална вооружена група. Истражителите велат дека тие се бореле за милитантите на ИД во Сирија. Федералната служба за безбедност на русија соопшти дека околу 2400 руски државјани се борат за групата на ИД во Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG