Достапни линкови

Малала ќе го отвори самитот на ОН


Добитничката на Нобеловата награда за мир Малала Јусафзаи ќе го отвори денешниот самит на Обединетите нации со говор во кој ќе повика на слободно 12 годишно школување за сите деца во светот. „Ако сакате нашата иднина да биде посилна и посветла неопходно е да инвестираме во едукацијата. Не требаат многу пари за тоа, само 39 милијарди долари, кои ги трошиме во осум дена за воени цели“, вели 18 годишната Малала. Веднаш по обраќањето на Малала која во Пакистан беше застрелана во главата во 2012 година од талибански напаѓачи затоа што пропагираше слободно школување за девојчињата, ќе зборува и Папата Франциско.

XS
SM
MD
LG