Достапни линкови

logo-print

Гутереш разочаран од планот на ЕУ за бегалците


Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Антонио Гутереш изјави дека е разочаран што планот на Европската унија за помош на бегалците не предвидува отворање на повеќе легални патишта за нивно пристигнување во Европа. Планот нa Европската унија е ограничен во споредба со потребите, наведува Гутереш кој сепак начелно го поздрави распоредувањето на 120 илјади бегалци низ европските земји, како и зголемувањето на хуманитарната помош на соседните земји на Сирија од каде што доаѓаат бегалците.

XS
SM
MD
LG