Достапни линкови

Од 15 септември во Хрватска влеглe над 51.000 мигранти


Хрватската полиција соопшти дека над 51.000 мигранти влегле во земјата, откако на 15 септември Унгарија ја затвори границата со Србија, со што ги принуди да бараат друга рута на патот за Западна Европа. Според полицијата околу 3.500 лица преминале во Хрватска од Србија утринава од споредни патишта околу граничниот премин Товарник, каде мигрантите преминуваат преку околните ниви. Протокот на мигранти предизвика тензии меѓу Хрватска и Србија, а двете држави меѓусебно се обвинуваат и затвораат граничните премини.

XS
SM
MD
LG