Достапни линкови

Следната недела средба меѓу Обама и Путин во ОН


Портпаролот на Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин на 28 септември ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама, за време на неговата посета на Обединетите Нации во Њујорк. Висок официјален претставник на САД ја потврди средбата меѓу двајцата претседатели, која по барање на Путин ќе се одржи на маргините на Генералното собрание на ОН. Претставникот од САД рекол дека одбивањето на барањето би било „неоговорно.“ Обама ќе дискутира за Украина и ќе биде фокусиран на обврските од договорот од Минск. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека Путин истиот ден исто така планира да се сретне и со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

XS
SM
MD
LG