Достапни линкови

Машиновозачите гладуваат


Илустрација.
Илустрација.

На машиновозачите коишто штрајкуваат денеска не им бил дозволен ни пристап до просториите на синдикатот, по што решиле да постават шатор пред железничкото депо во Лисиче.

Штрајк со глад започнаа некои од машиновозачите откако веќе две недели чекаат на средба со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и премиерот Никола Груевски за да разговараат за нивните барања. На машиновозачите денеска не им бил дозволен ни пристап до просториите на синдикатот, по што решиле да постават шатор пред железничкото депо во Лисиче.

Затоа што изјавите на генералниот директор во јавноста се дека сообраќајот е нормализиран и возовите сообраќаат. Само мала група бојкотира и не сака да ги извршува работните задачи. Но, само една мала група од 10 до 15 луѓе вози, а стотина чекаат средба со министерот.
Душко Чакаровски, претседател на Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија.

Претседателот на Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија Душко Чакаровски вели дека денеска го сретнале и директорот на Македонски Железници-Транспорт, Никола Костов кого го прашале зошто им е забранет влезот во зградата, а за возврат како одговор добиле закани.

„Знаете ли вие што правите, никој не ве сака, па вие ќе останете без работа, па вие имате фамилии, па дури и ни кажува дека оние што возат ги наградил со по 20 илјади денари, значи со такви изговори, такви уцени и закани. Е тоа е неговиот контакт со машинскиот персонал, така разговара“, вели Чакаровски.

Овде можеби има луѓе од политички партии и некои кои не се ни членови на синдикатот, но машинскиот персонал е севкупен и единствен без разлика на партии и припадност.
Душко Чакаровски, претседател на Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија.

На машиновозачите во меѓувреме им била исплатена втората половина од платата за јули. Тие бараат платите, вклучително и таа за август, во иднина да им бидат целосно и редовно исплатувани и патните трошоци да им бидат подмирени најдоцна до 10-ти наредниот месец, како и зголемување на коефициентот за помошниците и промени на условите за бенефициран стаж. Чакаровски додава дека се сомневаат оти директорот им дава вистинските информации на надлежните што се случува во македонските железници.

„Затоа што изјавите на генералниот директор во јавноста се дека сообраќајот е нормализиран и возовите сообраќаат. Само мала група бојкотира и не сака да ги извршува работните задачи. Но, само една мала група од 10 до 15 луѓе вози, а стотина чекаат средба со министерот“, вели Чакаровски.

Тој негира оти штрајкот има некаква политичка позадина, како што соопшти Министерството за транспорт и врски.

„Овде можеби има луѓе од политички партии и некои кои не се ни членови на синдикатот, но машинскиот персонал е севкупен и единствен без разлика на партии и припадност“, вели Чакаровски.

Се обидовме да стапиме во контакт со директорот на Македонски железници-Транспорт, но не успеваме.

Чакаровски информира дека од Министерството за транспорт и врски им соопштиле дека за барањето за средба ќе им дадат одговор до крајот на неделата. Тој вели и дека се загрижени за безбедноста на железничкиот собраќај во земјава, бидејќи меѓу возачите сега има нестручни лица.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG