Достапни линкови

Владата усвои буџет за 2016 година


Предлог буџетот за 2016 година, што го усвои Владата, денеска го образложи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој рече дека тој има развојна компонента претставена преку повисокиот износ на капитални инвестици и стабилност за ранливите категории.

„Основни карактеристики на буџетот за 2016 година се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 отсто оваа година на 3,2 проценти следната година и зголемување на средствата за пензии, социјална помош и капитални инвестици, со цел да се поттикне развојната компоненета на буџетот“, рече Ставрески.

Вкупните расходи според предлогот се проектирани на 195.788 милиони денари, кои се за 6 проценти повисоки од оние во 2015 година, а вкупните приходи се проектирани на 176.804 милиони денари каде има зголемување за 4,7 проценти во однос на 2015 година.

XS
SM
MD
LG