Достапни линкови

Франција, Британија и НАТО загрижени за руското присуство во Сирија


Франција, Британија и НАТО соопштуваат дека се загрижени поради „многу значителното“ зголемување на руското воено присуство во Сирија. Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан, ја повика Москва да го оправда своето значително опремување во Сирија. Тој за време на денешната средба со британскиот секретар за одбрана Михаел Фалон, рече дека ако главната намера на Русија е да го заштити сирискиот претседател Башар ал-Асад, треба тоа да го каже. Фалон изјави дека руското воено опремување во Сирија „единствено ќе ја комплицира веќе комплицираната и тешка ситуација.“ Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека е многу загрижен за акциите на Москва во Сирија и оти е важно Русите да бидат јасни „кои се нивните намери.“ Коментарите доаѓаат откако Русија објави дека овој месец и во октомври ќе спроведе поморски маневри на источно Средоземно Море.

XS
SM
MD
LG