Достапни линкови

Над 450 загинати и повеќе од 700 повредени во стампедото во Мека


Според најновите информации на Саудиските власти над 453 луѓе загинале, а 719 се повредени во метежот и стампедото во близина на исламскиот свет град Мека. Стампедото се случило за време на одржувањето на големиот обред за празникот Курбан Бајрам. Стотици илјади луѓе се наоѓаат во тоа подрачје каде што фрлаат камења врз симболичната претстава на ѓаволот. Ова е втора голема трагедија во Саудиска Арабија во текот на еден месец. На 11 септември во џамијата во Мека загинаа 111 луѓе кога врз нив паднал еден кран.

XS
SM
MD
LG